Иако Северноатланската алијанса е стационирана во Косово уште од 1999 година, во нејзините документи таа продолужва да ја третира земјата единствено како територија на која го чува мирот, објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Пренесувајќи ја оваа констатација, весникот додава дека „за НАТО природно важи само Резолцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, поради тоа што повеќе земји се уште не ја принале незавсноста на Косово“.
– На официјалната страница на НАТО за вчерашните средби во Косово на шефот на Алијансата, Јенс Столтенберг, косовскиот претседател и премиер се идентификаат само со господа, а не и со фнкциите што ги извршуваат, пишува „Експрес“.
Всушност, според весникот, тоа се случило со сите функционери со кои се сретнал Столтенберг во Приштина, вклувајќи ги и министерот за надворешни работи Хоџај и вицепремиерот Стојановиќ, на кои не им се споменваат функциите.
– Поразлично беше за време на посетата на Сараево, каде освен имињата на функцонерите со кои се сретна Столтенберг, наведени се и нивните функции, наведва весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба