Странски амбасадори барале од албанскиот главен обвинител да апси високи функционери во земјата.
Обвинителот Адриатик Љала, во интервју во емисијата Опињон, изјави дека амасадорите профитирајќи од нивниот имунитет, дека не можат да бидат кривично гонети, побарале од него апсење на високи актуелни и поранешни функционери во Албанија.
За кои амбасадори станува збор не соопшти, но со оглед на конфликтот во кој влезе со американскот амабсадор во Албанија Доналд Лу, албанската јавност нема дилеми дека станува збор токму за него.
„Овие амбасадори бараа апсење на високи функционери од повисоко ниво во Албанија. Станува збор за актуелни и поранешни министри, како и други високи фнкционери. Ценам дека тоа го правеа врз основа на нивни мислења кои ги имаа. Мојот став беше категоричен дека Обвинителството делува врз основа на докази, а не според нивните мислења“, изјави Љала.
Запрашан за кого станува збор, Љала не сакал да именува, но сепак признал дека еден од високите функционери, кој требало да заврши во затвор, бил поранешниот премиер и шеф на Албанија, Сали Бериша.
Во соопштението испратено вчера до агенцијата Асошиетед Прес, од Кабинетот на обвинителот Љала, се вели дека притисоците од страна на американскиот амбасадор Лу се „типично Соросоидни“, кои „сакаат да манипулираат со јавноста и да ги обезвреднат институциите“.
Откако Љала влезе во остар вербален судир со Лу, откако амбасадорот го обвини за попречување на реформата во правосудниот систем. За ова Љала го извести и претседателот на Албанија Бујар Нишани, на кого му ја пренел својата загриженост за мешањето на странските амбасадори во земјата. Веднаш по средбата, Нишани одбил да го прими амбасадорот Лу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.