ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на изјавата на Петре Шилегов посочува дека СДСМ лаже и манипулира секогаш, а особено сега, во паника после изборниот пораз.
– Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија постоечката Владата на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада. Следствено на тоа, претседателот на Владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија продолжуваат да ги извршуваат своите должности како членови на Влада се до избор на нова влада, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков континуитет, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, имаше Владата на која мандатот и престана поради распуштање на Собранието на Република Македонија до изборот на новата влада во 2011 и во 2014 година, каде новоизбраните пратеници како членови на Влада ги извршуваа своите должности согласно Закон за Влада, односно до избор на нова Влада на Република Македонија во 2011 и 2014 година по спроведените предвремени парламентарни избори.
– Ваков континуитет имаше и Владата од 2006 година во која што Владо Бучковски беше и претседател и пратеник, а Радмила Шекеринска учествуваше на седниците на Владата, иако исто така беше избрана за пратеник. Функционерите на СДСМ тогаш ги извршуваа должностите се додека не ги предадоа кабинетите откако беше формирана новата Влада на ВМРО, а тие се преселија во Собранието како пратеници на поразениот СДСМ, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело лажно пријавување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата