Еминентниот професор Ласло Табар од Шведска во Скопје од деветти до 11 февруари во хотелот „Мериот“ ќе одржи Семинар за болести на дојка, информираат од Македонското здужение за радиологија на дојка.
Професорот Табар го почнал скринингот – раното откривање на рак на дојка во Шведска во 1977 година. Тој е основач на раната детекција на рак на дојка, напишал многу учебнци и трудови и држи ваков вид на семинари ширум светот.
Во Скопје доаѓа на покана на Македонското здружение за радиологија на дојка. Табар првпат доаѓа во овој дел од светот.
На семинарот веќе се пријавени над 80 учесници од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.