| четврток, 6 декември 2018 |

Баркли и Леброн влегоа во „војна“ (видео)

barkli i lebron

Продолжува медиумското препукување меѓу легендарниот кошаркар, Чарлс Баркли и најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс.

Дуелот меѓу Баркли и Џејмс започна откако ѕвездата на Кливленд од управата побара да донесе нов плејмејкер, што пак беше неприфатливо за легендарниот НБА-кошаркар. Баркли овој потег го окарактеризира како „неприфатливо„ и „лигаво”.

По ваквата објава се огласи Леброн:

– Нема да дозволам да не ги почитува моите барања. Не сум јас како некои да ги фрлам луѓето низ прозорец, никогаш немам плукнато дете, ниту пак сум останал должен во Лас Вегас – беше реакцијата на Леброн Џејмс.

За кратко време повторно се огласи Баркли, кој истакна дека нема проблем со Леброн и дека никогаш не го критикувал на лична основа.

– Немам проблем со Леброн. Не велам дека не сум правел глупави работи. Но, сите мои критики или коментари од минатата недела се за играчите или за кошарката. Не мора да бидеме пријатели, верувам дека моите коментари не се навредливи или нефер – рече Баркли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top