Светските медиуми многу малку пишуваат за неа, но посветеноста на децата, хуманитарната работа и непогрешливиот моден стил ја ставаат многу високо, на уште еден кралски трон.
Летиција Ортиз е кралица на Шпанија, но и на стилот. Многу светски модни магазини ја прогласуваат за жена со беспрекорен стил, која ги диктира трендовите.
Пред да се омажи за принцот Фелипе, беше ТВ-новинарка и репортерка од Ирак, но и од Њујорк за време на нападите на 11 септември. Принцот го запознала на доделувањето на наградата за најдобра шпанска новинарка помлада од 30 години. Престанала да работи кога се омажила, а во јуни 2014 година стана кралица.
Исто како и Кејт Мидлтон Летиција потекнува од скромно семејство. Внука е на такси-возач и е најстара ќерка на новинарот Хесус Хозе. Мајка ѝ била болничарка од работничката класа.
Летиција ја опишуваат како „свеж воздух“ на шпанската монархија, иако е првата кралица во шпанската историја, која пред да стане кралица веќе била во брак и се развела.
Летиција и кралот Фелипе живеат релативно скромно и често самите ги водат ќерките на училиште. Таа им е инспирација на многу шпански жени, а нејзиниот моден стил го следат модните магазини. Иако изјави дека омилена марка ѝ е „Хуго Бос“, често купува гардероба и во конфекциските синџири „Зара“ и „Манго“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.