| четврток, 6 декември 2018 |

Брод на духови: Југословенскиот „Љубов Орлова“ со години бесцелно талка по океански води (Видео)

Откога во јануари 2013 година се „ослободил од ланецот“ во текот на пат кон отпад, рускиот крузер МВ Љубов Орлова, произведен во Југославија, лута како дух по атланскиот океан.

Големиот брод за патнички крстарења околу Антарктикот и Арктикот, е направен на „Титовото бродоградилиште“ во хрватскиот град Краљевица во 1976 година.

Овој крузер од класата Марија Јермолова, е зајакнат за патување по студени мориња, па иако не е виден од февруари 2016 година, се претпоставува дека уште не потонал.

Љубов Орлова од употреба излегол во 2010 година, и по две години на пристаништето Сент Џон кај Њуфаундленд, поради се полошата состојба, одлучено е бродот да биде префрлен на отпад во Доминиканската република.

brod-duhova-1486052380-108079

По само еден ден патување, кабелот за влечење пукнал а Љубов Орлова отпловил во непознат правец.

Поради ризикот по нафтени и гасни полиња во регионот, канадската морнарица испратила брод да го пронајде југословенскиот крузер и да го одвлече до меѓународните води, каде на крај повторно е пуштен на слобода.

Иако долго се претпоставувало дека потонал, документите на американската разузнавачка служба, во која увид имал АФП, наведуваат како бродот неодамна е забележан недалеку од бреговите на Ирска и дека плови во правец на Европа.

Со оглед на струите и движењето на ветровите, малку е веројатно дека Љубов Орлова повторно ќе заврши под канадска јурисдикција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top