| четврток, 6 декември 2018 |

МФ:Продолжува црната кампања на СДСМ за јавниот долг

finansii

Црната кампања на СДСМ за јавниот долг очигледно продолжува. За точно информирање за намената и состојбата на државниот и јавниот долг, јавноста и граѓаните ги упатуваме на веб-страната на Министерството за финансии каде на месечна основна се објавуваат сите расходи и приходи во буџетот, а на квартална состојбата на јавниот и државниот долг, според методологијата на ММФ, велат од ресорот финансии.

Буџетот за 2016 година, како и години наназад е проектиран со буџетски дефицит – како и кај сите земји во развој со цел да се придвижи економијата. Планираните расходи за минатата година се дадени во Буџетот за 2016 година, а реализираните во фискалната табела која ја објавува Министерството за финансии – истата која пред неколку дена ја коментираа од СДСМ, а сега прашуваат на што се трошеле парите.

Во фискалната табела, секој граѓанин може да види колку средства оделе за плати и надоместоци, за здравствена и социјална заштита, за капитални инвестиции.

Освен дефицитот Министерството за финансии по основ на стари доспеани кредити во 2016 година има исплатено над 200 милиони евра. Доколку навистина состојбата со долгот е критична, зошто тогаш ММФ вели дека добро менаџираме со јавниот долг?

Ако „грчкото сценарио“ на СДСМ е точно, како Македонија е меѓу најниско задолжените земји во Европа?- прашуваат од Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top