| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжувањата растат вртоглаво: Владата и МФ се задолжуваат нови 56 милиони евра

Денеска владата и Министерството за финансии се задолжуваат за нови 56 милиони евра. На официјалната страна на Министерството за финансии е закажана аукција на државни хартии од вредност во износ од вкупно 3. 450.000.000 денари или 56 милиони евра. Аукцијата е на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 140.000.000, 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 200.000.000 денари и 12 месечни државни записи во износ од 2.810.000.000 и 300.000.000 денари.

Владата и Министерството за финансии имаат закажано секој месец по 2 задолжувања преку државни хартии од вредност.

Расипништвото на власта од нејзиното доаѓање до денес граѓаните ги чинеше 1.4 милијарди евра. Само од почетокот на оваа година вклучително и задолжувањето закажано за денеска владата ја задолжи Македонија и нејзините граѓани за огромни 725 милиони евра. Што е уште позагрижувачки според експертите е намаленоста на реализацијата на капиталните инвестиции. Имено, реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се само 242 милиони денари, односно 6 пати помалку од јануари 2017 година, кога капиталните инвестиции беа потрошени 1 милијарда и 300 милиони денари.

Од кога дојде на власт владата на чело со СДСМ во овие 9 месеци не изгради ниту еден капитален проект. Отсуството на капитални инвестиции е она што е најпоразително и алармантно. Според експертите задолжувањата се оправдани само доколку со нив се градат проекти кои имаат подолгорочен позитивен ефект врз економијата на земјата како градење на инфраструктура патишта мостови, железници и слично. Владата на Република Македонија кога беше опозиција жестоко ги критикуваше задолжувањата додека сега кога е на власт се задолжува континуирано и без никакви резултати во смисла на капитални инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top