По завршувањето на Светското првенство во Франција, прв предизвик за Металург ќе биде настап во СЕХА-лигата. И тоа не против било кого, туку против унгарски Веспрем, актуелниот европски првак и ракометен великан. Лино Червар, стратегот на македонскиот тим вели дека Веспрем е апсолутен фаворит на средбата и дека ќе биде навистина тешко да се парира на мечот.
– Прв противник во новата година е екипата на Веспрем, која е еден од најсилните тимови во Европа и апсолутен фаворит на претстојната средба. Веспрем е екипа која има одлични ракометари на секоја позиција и игра извонреден ракомет на кој тешко може да му се парира. Сепак, ние ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра. Се надевам дека ќе имаме малку технички грешки и дека одбраната и нападот ќе имаат свој ден – изјави Червар за интернет-страницата на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.