Француски војник почнал да пука од огнено оружје откако е нападнат со нож во центарот на Париз, кај музејот „Лувр“, јави агенцијата „АФП“.
Како што пренесува „Ројтерс“, војникот пукал на човек што се обидел да влезе во музејот носејќи торба.
Француските медиуми наведуваат дека напаѓачот е погоден во нога, а „Лувр“ е евакуиран и е опколен со безбедносни сили, но и дека „ситуацијата е безбедна“.
Засега не е јасно дали до пукањето дошло во галеријата или пред неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.