По повод претстојното одбележување на јубилејот 70 години од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, на библиотеките што ги носат имињата на основоположниците на македонската писателска асоцијација Блаже Конески, Славко Јаневски и Ацо Шопов, ДПМ ќе им подари по 1000 книги. На пригодна книжевна програма, во која ќе настапат членови на ДПМ, книгите ќе бидат подарени на библиотеките во основните училишта „Блаже Конески“ и „Ацо Шопов“, како и на библиотеката на читалиштето „Славко Јаневски“ во Скопје.
Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, а негов прв претседател беше големиот македонски поет, лингвист и книжевен научник Блаже Конески. Во изминатите седум децении во ДПМ своите творечки и организациски заложби ги здружија 540 писатели кои создадоа илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца.
Свечениот собир по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на ДПМ ќе се одржи на 16 февруари во 12 часот во Домот на македонските писатели. На свеченоста ќе бидат врачени наградите за најуспешни книжевни дела објавени минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите