Италијански производител на храна ќе отвора производствен погон во Демир Хисар и деновиве интензивно работи на монтажа на опремата којашто беше транспортирана директно од Наполи.
Производствениот погон ќе биде сместен во приземниот простор на поранешната Стоковна куќа што инвеститорот го закупи на подолг временски период, информираат од Општина Демир Хисар.
– Вредноста на инвестицијата ќе достигне 1 милион евра, најнапред ќе бидат вработени 10, а до крајот на годината уште 20 лица, но со потпишувањето договори со кооперантите ќе се зголеми индиректната полза од новата инвестиција во општината – истакна градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
Во погонот во Демир Хисар ќе се врши дехидратација на лигуменози, односно од кооперантите ќе се откупуваат и изработува полупроизвод од зрнести плодови за потребите на индустријата за производство на супи. Ќе се откупува, преработува и пакува грав, грашок, леќа, леблебија и други растенија, посочуваат од тамошната локална самоуправа.
По руската инвестиција на „Гришко“ во Слепче што започна со работа во 2012 година, овој погон е втора странска инвестиција во општина Демир Хисар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме