Магазинот „GQ“ во април минатата година објави текст во кој открива дека првата дама на САД има полубрат во Словенија кој нејзиниот татко не сакал да го признае, но до негови 18 години бил приморан да му плаќа алиментација.
Новинарката Џулија Лоф во написот наведува дека полубратот на Меланија се вика Денис Цигелњак кој сега има 50 години. Таткото на Меланија, Виктор, наводно на неговата покојна мајка и ветувал брак, но откако дознал дека е бремена се премислил затоа што не сакал дете, по што одлучил да не го признава Денис како свој. Сепак, ДНК тестот покажал дека тој е негов син, по што до полнолетство морал да му плаќа алиментација.
Нејзиниот полубрат кога бил контактиран од магазинот рекол дека не сака јавно да се експонира и дека не сака ништо од својот татко ниту од семејството Трамп.
– Статијата е полна со неточности и невистини, а кога станува збор за моите родители, тие се приватни лица. Затоа се надевам дека медиумите за мене ќе почнат да пишуваат чесно и ќе покажат почитување за мене и за моите мајка и татко, напишала Меланија Трамп на својот профил на Фејсбук реагирајки на овој текст на GQ.
Коментирајќи ја статијата, поранешната манекенка, родена пред 46 години во словенечкиот град Севница како Меланија Кнавс, наведува дека со пишувањето за нејзиното семејство, новинарката на списанието на нечесен начин сака да си „направи“ име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.