Германија се согласи да прифаќа секој месец по 500 бегалци од Турција, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во Анкара по средбата со турскиот премиер Бинали Јилдирим.
– Одлучивме секој месец да прифаќаме по 500 бегалци за да можеме да помогнеме во конкретниот случај – изјави Меркел.
Таа не даде детали за планот за примање бегалци. Според владин извор, германската Влада ја донела таа одлука пред неколку недели, јави ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.