МЗТ Скопје ја совлада Мега лекс со 75-74, а по натпреварот аплаузите од малкуте присутни во „Јане Сандански“ беа наменети за Шарлон Клоф. Холандскиот репрезентативец беше втор поентер во тимот со 15 поени (два повеќе имаше Скот), но двете атрактивни забивања во првиот дел од натпреварот никого не оставија рамнодушен. Па така и двете акции (прво и трето место) на Клоф се најдоа во петте најатрактивни потези на 20. коло во регионалната АБА лига.
На четвртото место се најде и забивањето на Зоран Вркиќ од Карпош соколи на натпреварот против Олимпија Љубљана, кога „соколите“ ја запишаа првата победа на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)