Лифтот на Милениумскиот крст на Водно ќе почне со работа напролет. Од јавното сообраќајно претпријатие велат дека монтирањето на лифтот е комплетирано, но има работи, кои треба да ги довршат, пред тој да почне да вози.
-Лифтот е веќе поставен и во овој момент се уредува партерниот дел на Милениумскиот крст. Нашите очекувања беа истиот да биде пуштен во употреба во текот на 2016 година, меѓутоа заради временските неприлики, истото не се случи. Нашите очекувања се во текот на првата половина на 2017 година, оваа туристичка атракција и официјално да се стави во употреба – велат од ЈСП.
Лифтот е набавен од Франција за околу 300.000 евра. Во него има место за околу десет лица, а возењето ќе трае околу една минута. На краците е предвидено да се овозможат прошетки, но во присуство на обучено лице.
Возењето ќе чини 50 денари за возрасни, 20 денари за деца од 6 до 14 години, а за деца под 6 години возењето е бесплатно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.