| четврток, 6 декември 2018 |

Мрмотот предвиде: Нѐ чекаат уште шест недели зима

Денот на мрмотот (Groundhog Day) е празник кој секој 2 февруари се обележува во Панксатони, Пенсилванија, и тоа уште од 1887 година. Тука голем број граѓани се собираат да видат каква е прогнозата на мрмотот.

Според традицијата, ако е облачно кога животното ќе излезе од својата дупка на овој ден, пролетната сезона ќе пристигне порано и времето нема уште долго време да биде ладно. Но, ако е сончево, мрмото наводно ќе ја види својата сенка и ќе се повлече назад во својата пештера, па зимските временски услови ќе продолжат за уште шест недели.

Прогнозата за оваа година е онаа полошата. Неговите „прогнози“ обично се точни и често се однесуваат и за нашите зими. Така, лани мрмотот не ја виде својата сенка, па и нашата зима беше поблага. А, како што досегашните временски прогнози покажуваат, мрмотот ја погоди и македонската зима.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top