| четврток, 6 декември 2018 |

Мрмотот Фил денеска ќе прогнозира каква ќе биде зимата

Метеоролозите во САД се подготвени денеска да слушнат дали можат да сметаат на рана пролет или на уште шест недели зима.

На втори февруари се одбележува „Денот на мрмотот“, кога традиционалното животно од Пенсилванија – Мрмотот, познато како „Панксутони Фил”, излегува над земјата, во близина на едно дрво кое е негов дом. Легендата вели дека ако ја види својата сенка – односно, ако е сончев денот, во Северна Америка ќе има уште шест недели зима.

Ако не, пролетта ќе пристигне порано.

Мрмотите се познати како метеоролози. Тие го предвидуваат времето уште од 1887-ма година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top