Мечката Гордана од зоолошката градина во Белград утринава не излезе од својата пештера, а ниту до пладнето не се појави надвор што значи дека уште е далеку пролетта и не чекаат уште 6 недели зима.
Имено, народните верувања велат дека ако мечките на денешен ден-Сретение господово излезат од своите пештери и не се исплашат од својата сенка и не се вратат внатре на продолжен зимски сон, зимата нема долго да трае. Но, Гордана денеска не излезе да побара храна.
Верувањата велат дека од Сретение деновите стануваат подогли, а ноќите покуси, па кај народот се вели „Сретение превртување“.
Жителите на САД неодамна според прогнозите на познатиот мрмот Фил, на поубаво време ќе чекаат уште 6 недели. Слични верувања или претскажувања постојат ширум светот. Медиумите најголемо внимание му посветуваат на американскиот Ден на мрмотот кој секоја година се одбележува на 2 февруари. На тој ден неколку илјади граѓани се собираат во градот Панксатона во пенсилванија за да видат што ќе каже мрмотот Фил.
Следењето на излегувањето на Фил од пештерата почнало во далечната 1887 година. Оваа година, ако треба да му веруваме на Фил зимата ќе потрае. Германците верувале дека јазовците го предвидуваат времето и својот обичај го пренеле во САД, но за жал во Пенсилванија немало јазовци, па мрмотот станал нивен достоен заменик. Денот на мрмотот беше инспирација и за култната комедија со Бил Мареј во 1993 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.