Македонската кугларска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Залаегершег, Унгарија. Во четвртфиналниот меч со Австрија, нашите куглари славеа со 6:2 и се пласираа меѓу четирите најдобри селекции.
Победите за Македонија ги обезбедија Фучкар, Влакевски, Соколовски, Бенедик, Штоклас и Трпковски, кои ќе се обидат да направaт уште една сензација во полуфиналето. Самиот пласман меѓу четирите најдобри на планетата, е секако досега најголемиот успех на нашиот национален кугларски тим.
Покрај нашата селекција, патници во полуфиналето се и домаќинот Унгарија и селекцијата на Романија, додека последниот полуфиналист ќе го даде последното четвртфинале меѓу Србија и Словенија. Токму подобриот од овој дуел ќе биде противник на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.