| четврток, 6 декември 2018 |

Мисица станала хит поради урнебесните движења (Видео)

Заборавила на камерите и на публиката и се опуштила. Ова видео мора да го погледнете.

Зои Ајвори станала една од најпознатите овогодишни натпреварувачки на „Мис Универзум”, откако на социјалните мрежи се појавила снимка од изборот за убавина. Симпатичната Холанѓанка целосно се опуштила за време на телевизискиот пренос и танцувала како никој да не гледа.

Некој од публиката успеал да ја сними 23-годишната Холанѓанка во занесот, а снимката веднаш ја објавил на социјалните мрежи. Откако видеото станало вирално, Зои на новинарите им ги објаснила своите урнебесни движења кои насмеале милиони корисници на социјалните мрежи.

-Ни кажаа дека можеме да се опуштиме во текот на пробата. Кога слушнав музика едноставно почнав да танцувам. Најпрво не бев свесна дека луѓето воопшто ме гледаат. Но, тогаш слушнав навивање и помислив „Боже, па тие навистина ме гледаат. Тогаш дадов баш сè од себе”, рекла мисицата и додала дека таа навистина е „single lady”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top