На молитвен појадок, кој, всушност, трае неколку дена, се собираат околу 3.500 гости и се состои од низа состаноци, ручеци и вечера. Централниот настан е појадок на кој говорници се претседателот на САД и еден гостин, чијшто идентитет до самото обраќање ги држи гостите во тајност.
Главниот настан, појадокот, почнува рано наутро во 7.30 часот, а се одржува во хотелот „Вашингтон Хилтон“.
Откако на претставниците ќе им се обратат домакините – по еден републиканец и демократ, како и претседателот на САД, кои седат на маса подигната на подиум, следи молитва: тогаш сите стануваат и се држат за рака.
Looking forward to attending the #nationalprayerbreakfast this morning. What a joy to pray for our nation & leaders. pic.twitter.com/Z8sY3p3teg
— Joel C. Rosenberg (@JoelCRosenberg) February 2, 2017
На секоја маса има по осум луѓе, а храната што се сервира, главно, се состои од јогурт, млеко, сирење, овесни снегулки и овошје – менито е, значи, прилично скромно.
Но, тој прв впечаток го „поправуваат“ други оброци со многу побогато и разновидно мени со сите видови сланина, колбаси и јајца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)