| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Шид: Во експлозија на цистерна повредени 4 емигранти

Емигранти утрово во Шид се обиделе да влезат во една од цистерните на седмиот колосек на железничката станица, но дошле во контакт со жица, која била под висок напон, и цистерната експлодирала.

По експлозијата, интервенирале противпожарните единици од Шид и на Сремска Митровица, а четири лица се повредени.

Двајца емигранти се згрижени во болница во Белград, а двајца во општата болница во Сремска Митровица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top