| четврток, 6 декември 2018 |

Ники Лауда ја откри тајната за доминацијата на Мерцедес во Формула 1

motenzemolo i lauda

Тимот на Мерцедес доминира во Ф1 шампионатот во последните три сезони во кои Луис Хамилтон и Нико Розберг победија на 51 од вкупните 59 трки. Причината за оваа доминација на германскиот тим ја откри поранешниот претседател на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, кој, како што вели, информациите ги добил од Мерцедес, директно од Ники Лауда.

– Лауда неодамна ми призна дека Мерцедес работи на хибридните мотори уште од 2007 година и поради тоа тие се така флексибилни во преговорите врзани за новите правила – изјави Ди Монтеѕемоло.

Ф1 ги воведе хибридните мотори во натпреаврите во 2014 година, а меѓу тимовите кои го прифатија тоа беше и Ферари.

– Да, направивме грешка. Но, чувствував дека Ферари не може да му се спротивставува на развојот. Ферари што се плаши, не може да биде мој Ферари – додава поранешниот претседател на италијанскиот тим.

И покрај повлекувањето на Нико Розберг, доминацијата на Мерцедес се очекува да продолжи и во наредната Ф1 сезона. Но, адут на конкуренцијата се новите правила кои на врвните стручњаци за аеродинамика ќе им овозможат да го намалат јазот меѓу доминантниот Мерцедес и другите тимови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top