Манчестер Јунајтед се сопна против Хал Сити пред своите гледачи, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо својата нервоза и фрустрација ја искажа во изјавата по натпреварот.
Португалецот му префрли на еден од новинарите, дека не знае за фудбалот и дека тој што не знае не треба да држи микрофон и да биде дел од новинарството.
– Хал се бори за опстанок, секој бод им е како гол. Кога не постигнувате голови, не може да победите. Доколку не знаете фудбал, не треба да имате микрофон в раце -луто одговори Мурињо.
Манчестер Јунајтед има 14 бода заостанување зад лидерот Челзи и го губи чекорот дури и со екипите кои се борат за влез во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)