| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона славеше на „Висенте Калдерон“ и со една нога е веќе во финалето од Копа дел реј

barcelona

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Кралот на преполниот „Висенте Калдерон“ во Мадрид, Барса го победи Атлетико Мадрид со 1-2 и со голема предност ќе го дочека возвратниот натпревар следниот вторник на „Камп Ноу“.

Натпреварот изобилуваше со одлични потези и шанси на двете страни што резултираше со дури 29 упатени удари кон головите на двете екипи.

Доминацијата на каталонскиот гигант резултираше со два прекрасни гола, најпрво на Луис Суарез во раната фаза од мечот кога силовито тргна кон голот на Атлетико, претрча четворица противнички играчи и ја смести топката во мрежата на голманот Моја. По примениот гол Атлетико тргна порешително кон голот на Барселона, но наместо израмнување следуваше ладен туш. Меси распали со левата нога во 36. минута од повеќе од 20 метри и топката од дирекот заврши во домашната мрежа.

Вториот дел екипата на Диего Симеоне го започна доста агресивно и со постојано присуство на противничкото поле. Таквата игра им донесе плод на домаќините, откако во 60. минута Гризман со глава на додавање на Годин, ја погоди гостинската мрежа и го постави конечниот резултат од 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top