По двата меча без победа (реми и пораз), екипата на Манчестер Сити одигра најдобро кога е најпотребно во натпревар од Премиер лигата.
Избраниците на Пеп Гвардиола имаа не така лесно гостување кај Вест Хем и го покажаа целиот квалитет што го поседуваат. Иако настапија без Серхио Агуеро во нападот, за само две минути до 17 до 21 веќе водеа со головите на Кевин де Бруин и Давид Силва. До крајот на првото полувреме дебаклот на избраниците на Славен Билиќ го најави Габриел Хесус со гол во 39 минута за водство од 3-0.
Во вториот дел нападите на фудбалерите на Манчестер Сити како да спласнаа, па до крајот на мечот успеаја да постигнат само уште еден гол и тоа од пенал во 66 минута, а стрелец беше Јаја Туре.
Со новите три бода Сити ги искористи изненадувачките резултати и се доближи на само бод од второто место на табелата и десет од лидерот Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)