| четврток, 6 декември 2018 |

Аца Лукас: Задолжен сум до гуша, цели 100.000 евра, ако не ја сметаме коцката (Видео)

Фолкерот Аца Лукас призна дека е во големи долгови, но и дека и порано, кога се коцкал, должел милиони евра. Тој гостуваше кај Огнен Амиџиќ во играта „Одговарај или јади“, каде откри интимни детали од својот живот.

-Должам околу 100.000 евра, но работа е во прашање, не се коцкарски долгови. Кога беа коцкарските приказни, цифрите беа многу поголеми – милиони. Овој долг не е затоа што е проблем, туку затоа што се работеше, објасни фолкерот.

Пејачот раскажа дека тој е тој што секогаш менувал пелени на ќерката, за разлика од Огнен, на кого сопругата му го забранила тоа.

-Сите знаат какво е моето минато. И јас сум поради тоа задолжен да менувам пелени на децата. Не чувствувам смрдеа затоа што чувството за мирис одамна исчезна, па без проблеми менувам пелени, раскажува Аца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top