| четврток, 6 декември 2018 |

Рекламата што ги збесна мажите руши рекорди на јутјуб

samsung-24052013-625youtubeНовата реклама на Самсунг која ја погледнале скоро 10 милиони луѓе, предизвика бурни реакции само две недели по нејзиното емитување. Започнаа спротивставени приказни за мажите, жените, брачните односи, додека производот кој се рекламира остана „во сенка“.Многумина заклучиле дека се работи за реклама која е сексистичка кон мажите. Рекламата се послужила со втемелените стеротипи за брачните односи, за да испромовира уред кој го претвара било кој телевизор на Самсунг во паметен телевизор. Жената го затекнува сопруготна кауч пред телевизор, што би требало да биде некоја вообичаена слика од брачниот живот, со тоа што тој е претставен како вистински морон. Таа замислува како би било убаво едноставно да му вгради уред кој ќе го подобри, но затоа што тоа е невозможно, на крајот заклучува дека барем може да го унапреди телевизорот. Мажите луто се запрашуваат до кога ќе бидат прикажувани како глупави во хумуристични серии и реклами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top