| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Србија треба да добијат датум за преговори

nikola poposki-Некогаш на ЕУ гледавме како не бегство од Балканот, но денес членството е всушност можност сите земји од регионот да ја презема одговорноста за сопственоста стабилност и иднина – изјави вицепремиерката и шефицата на дипломатијата на Хрватска, Весна Пусиќ на денешн ата конференција во Даблин„10 години од Солун“. Таа смета декаМакедонија и Србија треба да добијат датум за почеток на преговорите. За Косово пак вели дека треба да ги започне преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

-Преговарачкиот процес не е важен поради добивањето на полноправното членство, туку поради изградбата на институциите на државата и реформите – изјавила шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, според соопштението на хрватското министерство за надворешни работи што го цитира агенцијата Hina.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top