Макаби донесе одлука за прекин на соработката со еден од најдобрите свои кошаркари, Сони Вимс, откако поранешниот играч на ЦСКА Москва одби да се појави на допинг-тест. Вимс беше доведен како суперзасилување на стартот од сезонава, не ги оправда очекувањата со своите игри, а незадоволството кулминираше по неговиот непрофесионален однос кога и покрај предупредувањата не се појави на закажаниот допинг-тест.
– Макаби го отстрани Сони Вимс од својот ростер. По низата на настани кои доведоа до оваа одлука, официјалната потврда беше одложена за денеска – објави израелскиот кошаркарски гигант.
Со раскинот на договорот Вимс останува посиромашен за 1,5 милиони евра, кои ќе ги добиеше доколку останеше во Макаби до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.