Портпаролката Маја Коцијанчич нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот ЕУ го советува Претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи таков дел во уставот нема, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Маја Коцијанчиќ
Коцијанчич само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и приоритетните реформи. Госпоѓата Коцијанчич веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011-2014 година, македонската Влада немаше коалиција од двотретинско мнзинство во парламентот. Дури и во тие три години успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди 2/3 за реформските закони особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем. Проблемот заради кој не започнаа преговорите со ЕУ, а кој вчера индиректно го спомна е билатералниот спор со Грција. За негово решавање не е потребна широка коалиција во парламентот, туку минимум политичка волја на Грција земјава да се приклучи на ЕУ и пред се поддршка на решението од граѓаните на Македонија на референдум.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, а подоцна и СДСМ се приклучи на тој став, има јасна политичка обврска кон граѓаните дека било каква одлука и решение поврзано со спорот за името кој Грција го отвори пред 25 години, нема да се прифати без претходна согласност на организиран референдум на кој мнозинството граѓани би дале поддршка.
Спорот за името и блокадата од Грција, а не реформите со години беа единствената пречка Македонија да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ.
За изнаоѓање решение за спорот за името потребно е пред се волја од страна на Грција која во минатото ја немаше. Единствено ги повторуваа нивните црвени линии кои задираат во нашиот идентитет и демонстрираа моќ со ултимативни барања од позиција на сила. За ова прашање ниту Влада со сите пратеници во парламентот нема да е од помош ако Грција не прифати решение кое мнозинството Македонци и граѓани на Македонија нема да го отфрлат на организиран референдум.
Не добивме одговор ниту на прашањето дали за секое формирање влада во Европа, ЕУ бара на прес-конференција широка коалиција. Не беше одговорено, затоа што такво нешто не постои. Во земјите во Европа тоа би се толкувало како директно мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, широка или тесна.
ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на советот на ЕУ, но одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, избрани од народот. Ние како најголема партија со најмногу партеници сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ке се залагаме за истото. Македонија има искуство со широки коалиции и во 1991 со експертската Влада и во 2001 со воениот конфликт. Тие ништо добро не и донеле на Македонија. Спротивно на тоа во овие 10 години кога ВМРО-ДПМНЕ имаше стабилно мнозинство се отворија 170.000 нови работни места и се постигнаа најдобрите економски резултати.
ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари и на одговорот на Амбасадата на САД.
-Тој е краток и кажува се. Очигледно е дека нема потврда дека станува збор за официјален став и сугестија на новата администрација во Вашингтон дека не треба да има нови избори, односно дека партиите во сегашниот состав мора да разговараат за формирање на идната влада – велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)