Зимскиот преоден рок во најсилните европски лиги заврши, но Пјер – Енерик Обамејанг ја запали фудбалската јавност уште од сега за летниот преоден рок што претстои. Тој најави дека по завршувањето на оваа сезона најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд затоа што му е потребен нов предизвик.
„Секој размислува за чекор напред во својата кариера, па така и јас. Уживам во Дортмунд, фановите се одлични, имаме неверојатна поддршка, но доколку сакам да одам напред во кариерата, мислам дека треба да заминам во некој поголем европски клуб. Сите велат дека Премиер – лигата е најсилна, но мене најмногу ме импресионира шпанското првенство“, изјави Обамејанг.
За него подолг период постојат шпекулации дека е голем фан на Реал Мадрид и дека очекува трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но интерес покажува и Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани
-
„Милионерите“ имаат нов десен бек: Џереми Тојлан нов фудбалер на Дортмунд