| четврток, 6 декември 2018 |

Спанулис се повреди, сигурно нема да игра во следниот меч од Евролигата

vasilis spanulis

Кошаркарите на Олимпијакос го загубија грчкото дерби со Панатинаикос, но што повеќе го загрижува раководството на „црвено-белите“ од Атина е повредата на најдобриот играч Василис Спанулис.

Спанулис повредата ја заработи во 10. минута, а веднаш по натпреварот беа направени детални прегледи, по кои е утврдено дека искусниот плејмејкерот ќе мора да биде околу 10 дена надвор од терените. Сепак добра вест за Олимпијакос е враќањето на Мет Лоџески, кој започна со тренинзи и би требало да биде спремен за гостувањето во Русија.

Следен натпревар за тимот на Олимпијакос е дуелот со Уникс Казан на 2 февруари, па следи дуел во грчкиот шампионат против Лефкада, за да отсуството на Спанулис се комплетира со натпреварот против Жалгирис на 10 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top