| четврток, 6 декември 2018 |

Зидан може да здивне, Родригез и Пепе се враќаат на тренинзите

pepe i rodrigez

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, може барем малку да здивне, со оглед дека се намалува „болницата“ во неговиот тим. Повредите ги надминаа колумбискиот интернационалец Џејмс Родригез и Португалецот Пепе кои се вратија на тренинзите со тимот и ќе му бидат на располагање за неделното гостување против Селта во Виго. Токму овој тим ги елиминира „кралевите“ од Купот на Шпанија, па сега сигурно Зидан и фудбалерите ќе сакаат да се одмаздат.

Џејмс Родригез беше во „аут“ од 7.јануари, кога заработи повреда на колкот, додека паузираше уште подолго. Зидан се уште не може да смета на Герет Бејл, Дани Карвахал, Лука Модриќ и на Марсело, а одвоено од тимот вчера тренираше и Рафаел Варан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top