Арсенал игра тешко на домашен терен и ако во последниот дуел на „Емирати“ се спаси против Барнли, „топчиите“ вечерва ја немаа среќата за свој сојузник, па сосема неочекувано претрпеа пораз пред своите гледачи од градскиот ривал Ватфорд со 1-2. Очајниот старт скапо го чинеше тимот на Арсен Венгер откако избраниците на Валтер Мацари за тринаесет минути поведоа со 0-2 со погодоците на Кабул и на Дини. Згора на тоа Венгер остана и без повредениот Рамзи, но „топчиите“ во секој случај тргнаа во тотална офанзива во второто полувреме. Постигнаа и гол во вистинско време, откако Ијови погоди во 58. минута на додавање на Алексис Санчез, но и покрај бројните напади „црвено-белите“ сепак не успеаја да стигнат до израмнување. Најубавата шанса во 88. минута ја пропушти Лукас Перез, кога ударот на шпанскиот напаѓач заврши во рамките од голот на Ватфорд.
Тотенхем и покрај огромната доминација не успеа да го скрши отпорот на Сандерленд, па ремизираше 0-0 против еден од најслабите тимови во Премиер-лигата. „Спарси“ имаа апсолутна доминација при поседот на топката, создадоа и неколку убави шанси за гол, но се беше попусто кога не успеаја да го најдат патот до мрежата на одличниот Маноне.
Резултати Премиер лига:
Свонси – Саутемптон 2-1, Мидлсброу – ВБА 1-1, Сандерленд – Тотенхем 0-0, Бурнемаут – К. Палас 0-2, Арсенал – Ватфорд 1-2, Барнли – Лестер 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)