Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во 1. коло на ИТФ тенискиот турнир во Гренобл што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа беше рангирана како осма носителка и на стартот загуби од Катинка фон Дајхман од Лихтенштајн, 258 на ВТА ранг листата, со 3-6, 3-6. Мечот траеше еден час и 22 минути.
Ова за Ѓорческа е втор пораз од Фон Дајхман во вториот меѓусебен дуел. Нејзината врсничка од Лихтенштајн триумфира и лани во осминафиналето во Софија, турнир на земјена подлога, со 4-6, 6-3, 6-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.