Шпанскиот режисер Педро Алмодавар ќе биде претседател на жирито на 70. Меѓународен филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржува од 17 до 28 мај.
– Чест ми е да бидам на такво привилигирано место за седумдесетото издание на фестивалот – рекол Алмодавар.
Шпанскиот режисер бил член на жирито на фестивалот во 1992 година, кога претседател бил францускиот актер Жерар Депардје.
Иако неговите филмови пет пати беа во конкуренција за „Златна палма“, Амлодавар никогаш не освои награда на Канскиот фестивал.
Организаторите на фестивалот дополнително ќе ги објават и другите членови на жири-комисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.