„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе – херои од сегашната балканска реалност…
Филмот „Насоки“ на режисерот Стефан Командарев ќе учествува во конкуренцијата на престижната програма „Извесен поглед” (“Un Certain Regard”) на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 17 до 28 мај и одбележува 70 години од постоењето.
Филмот е копродукција меѓу Арго Филм, Бугарија; Актис Филм, Германија и Сектор Филм од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд Еуримаж.
„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе – херои од сегашната балканска реалност.
Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори. Командарев е и сценарист на филмот заедно со младиот драматург Симеон Венциславов.
Македонскиот дел на авторската екипа ја сочинуваат костимографот Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски. Продуценти на филмот од Македонија се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура