| четврток, 6 декември 2018 |

Свадба во најголема тајност – Дејвид и Викторија Бекам ги обновиле заветите

bekam

Дејвид Бекам открил дека со сопругата Викторија во тајност ги обновиле брачните завети.

Славниот пар е во брак веќе 18 години, за време на кои успеале да пребродат бројни кризи.

-Ги обновивме брачните завети. Овојпат беше многу поинтимна церемонија, само шест луѓе имавме во куќата – рекол поранешниот фудбалер.

Дејвид и Виткорија првото судбоносно „да“ го изговорија на раскошна церемонија во Даблин во јули 1999 година, облечни во виолетово. Дејвид сега признава дека се кае поради таа комбинација на облека.

bekam2

Тие имаат 4 деца.

-Ние сме слано семејство. Секако дека некогаш правиме грешки и сите знаеме дека бракот може да биде тежок. Важно е да работиме на проблемите. Луѓето мислат дека сме заедно бидејќи изградивме бренд, но тоа не е вистина. Заедно сме бидејќи се сакаме и имаме 4 прекрасни деца- рекол Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top