| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Заев најдобар кандидат за лидер на СДСМ

Најдобар кандидат за лидер на СДСМ е Зоран Заев, а потоа следува Кире Наумов. Ова се резултатите од анкетата која ја спроведе Институтот Павел Шатев сза очекувањата од  Конгресот во најголемата опозициска партија. Според перцепцијата на испитаниците, за струмичкиот градоначалник се определиле 27.8 % од анкетираните Македонци, а за Наумов со 16.0 %. Следува Игор Ивановски со 6,3 и Зоран Јовановски со 4,7 проценти.

anketa tab1

Анкетираните Македонци сметаат дека Црвенковски и натаму ќе ја води партијата, овојпат од позадина. Таков одговор дале дури 44, 6% од испитаниците наспроти 29,7 кои сметаат дека Црвенковски нема да има влијание.

anketa tab2

Речиси 35 проценти од анкетираните не веруваат дека по конгресот на на СДСМ на 2 јуни, новото раководство на партијата ќе спроведе успешна и темелна реформа.

anketa tab3

Анкетата на Институтот „Димитрија Чуповски“ е спроведена во периодот помеѓу 17 и 21 мај 2013 година, телефонски на 1050 испитаници според стандардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок кој е репрезентативен за населението во Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top