| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович и Конте се договорија, поголема плата и пари за нови играчи

Италијанскиот стратег Антонио Конте и во следните три сезони ќе седи на клупата на англискиот првак Челси, откако се договори за останување на „Стемфорд бриџ“ и доби ново зголемување на годишната плата. Според новиот ревидиран договор, Конте ќе заработува 11 милиони евра по сезона.

Покрај награда со зголемување на годишната плата, Роман Абрамович на Конте ќе му даде и фантастичен буџет за нови засилувања. Се споменува сума од 250 милиони евра, со која Италијанецот треба да доведе пет нови играчи. Приоритет е Ромелу Лукаку од Евертон, за кого се планирани околу 80 милиони евра, а Конте ги сака и дефанзивците на Јувентус, Леонардо Бонучи и Алекс Сандро. Во плановите на стратегот на Челси е играчот за врска на Монако, Тиму Бакајоко, а се очекува на „Стемфорд бриџ“ да пристигне и уште еден офанзивен играч кој ќе делува по страничните позиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top