| четврток, 6 декември 2018 |

Почина новороденче, мајката морала да се породи сама дома

Вчера во 17.30 часот од ЕИК Скопје е известено дека во 11.30 часот С.П. (41) од  Скопје, која била бремена во осми месец, и се слошило и почнала да крвари.

До доаѓањето на екипата од Итна медицинска помош, истата сама се породила во својот дом. Од страна на лекар била  констатирана смрт кај женското новороденче,  а С.П. била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top