| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанка тешко повредена во сообраќајка

На улицата „Перо Наков“ вчера околу 9 часот, товарно моторно возило „Фиат Добло“ со струмички регистерски таблици управувано од Д.И.(46) од Струмица удрило во пешак Ј.С.(54) од Скопје.

Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

На местото на настанот извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top