| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс воодушевена од писмото и подарокот од Мајкл Џордан (видео)

serena vilijams

Серена Вилијамс после освојувањето на Австралија Опен, стигна до 23. титула на Грен слем турнирите и доби многубројни честитки од целиот свет. Сепак ниту една не може да се спореди со специјалниот подарок на Мајкл Џордан.

Џордан на Серена и испрати два пара патики „Ер Џордан“ и писмо во кое се вели:

„Серена, да ја победиш е многу тешко и за тоа се потребни неколку години напорно тренирање, ментална цврстина и да го прифатиш фактот дека не сакаш да губиш. Но, да бидеш шампион како Серена е уште потешко. Потребни се способности да учиш многу од секоја победа, а посебно од секој пораз. Ти не си шампион, туку го задржа нивото на кое играше години наназад. Искрено ти честитам за трофејот број 23 и ќе ми биде чест привилегија да те гледам и понатаму на терените – напиша во писмото Мајкл Џордан.

serena vilijams 1

Со трофејот во Мелбурн во саботата наутро, Серена ја мина Штефи Граф на вечната листа и сега само Маргарет Корт со 24 Грен слем титули стои пред американската тенисерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top