| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци купуваат трисобни станови во Банско за 28.000 евра

Банско е најдобар бугарски зимски центар, кој привлекува илјадници туристи секоја година. Ако сте страстен љубител на зимски и на летни спортови и атракции тогаш ова е местото за вас да инвестирате во недвижен имот, пишува бугарскиот портал „Профит“.

Според Ѓорѓи Пенев, менаџер на „Ски апартмантс Бигарија“, 2016 година беше исклучително активна за пазарот на недвижен имот во Банско.

Според него, интересот и купувањето имот во Банско допрва ќе се зголемува. Практиката во текот на годините покажува дека клиентите во јануари и во февруари претежно уживаат во скијањето во Банско, додека од средината на март го активираат интересот за купување имот во овој зимски туристички центар.

-Очекуваме сезоната 2017 година во Банско да е најсилна во последните 10 години – вели Пенев и потенцира дека индикации за тоа имало уште во летната сезона 2016 година, кога на пазарот на недвижен имот бил исклучително активен.

Просечната цена на продадените станови во Банско во четвртиот квартал на 2016 година е 370 евра за еден квадратен метар. Просечната цена за купување станови во Банско е 28.000 евра. Најголем интерес има за купување станови со две и со три соби, како и станови тип пентхаус со поглед кон планината.

Пребарувањата на купувачите се концентрирани на добро одржувани и управувани комплекси, како и комплексите во близина на ски-лифовите.

Бугарите и Британците остануваат главната група купувачи во Банско.

Според Пенев се проценува драстичен пад на интересот од страна на руските купувачи.

Од почетокот на новата сезона има зголемување на интересот на клиенти од соседните земји како Романија, Полска, Грција, Македонија, покажуваат податоците на компанијата.

 

извор: Скопјеинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top