| четврток, 6 декември 2018 |

Модна трансформација која има 40 милиони прегледи: Експерти го советуваат претседателот – вака треба да изгледате (Видео)

Популарноста на новиот претседател на Соединетите Американски Држави не е возможно да се измери деновиве и речиси не постои медиум на оваа планета која не му посветил барем една реченица на овој човек.

И додека поголем број се сконцентрирани на тоа каква политика ќе предводи новиот претседател на САД, модните магазини дошле на идеја да му помогнат на претседателот во изборот на нови, репрезентативни модни комбинации.

Така стилистите на модниот магазин „GQ“ решиле да направат претседателски мејковер.

Доста интересно видео во кое Трамп добива нов тен, фризура, костум, вратоврска и бројни други модни додатоци наиде на огромен интерес кај корисниците на социјалните мрежи, а сигурни сме дека и вие ќе уживате гледајќи како пред вас, во само минута и пол се создава нов Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top