На гала-вечерта што се одржа синоќа во Италија беа доделени наградите за најдобрите во 2016 година.
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи е прогласен за фудбалер на годината во италијанската Серија А во изборот на федерацијата и сите клубови од Серија А и од Серија Б. Првакот и освојувачот на Купот беше доминатен речиси во сите избори бидејќи Макс Алегри е прогласен за тренер на годината, а дури шестмина фудбалери на Јуве, плус Пјаниќ и Игуаин кои минатата сезона играа за Рома и Наполи, а сега се во клубот од Торино се најдоа во идеалниот тим на сезоната.
Идеален тим на сезоната 2015/16:
Буфон, Кулибали, Барзаљи, Бонучи, Кјелини, Хамшик, Пјаниќ, Погба, Наинголан, Дибала, Игуаин.
Судијата на годината е Никола Рицоли, интернационалецот од Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.