| четврток, 6 декември 2018 |

Се подарува стан од 200.000 евра

Британскиот милионер Марко Робинсон подарува наместен трисобен стан вреден преку 200.000 евра. Робинсон нуди стан во близина на Манчестер, а победникот ќе биде прогласен во документарна емисија на телевизијата Ченел 4.
Секако, сите се прашуваат што го натерало милионерот на ваков чекор.

marko robinskon
Марко имал сиромашно детство. Често немал кров над главата, ниту основни услови за живот, па со мајка си спиел на клупи во парк. Среќата му се насмевнала во есен момент, па денеска поседува повеќе од 150 недвижнини во светот.
-Ми беше тешко во животот, но успеав да заработам пари. Инвестирав во недвижости и секогаш сум купувал на најдобрите локации. Сега сакам нешто од тоа да подарам, објаснува тој.
Во животот добил помоѓ од луѓе од кои најмалку очекувал, и тоа е главната причина поради која се одлучил да помогне.
-Многу луѓе стари од 30 сѐ уште живеат со родителите, а многу се и бездомници. Станот сакам да го подарам некому кој се труди, но има проблеми. Не сакам да го подарам некому кој само би ја искористил можноста, објаснува милионерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top